Цариградската патријаршија и даде автокефалност на црквата во Украина

1429

Цариградската партијаршија денеска соопшти дека го почна процесот за давање на независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква.

Цариградската патријаршија по денеска одржаниот редовен Синод, соопшти дека е укината одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија.

Со укинување на таа одлука Цариградската патријаршија полага право на црквата во Украина.

Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на портпаролот на патријархот Кирил, кој истакна дека одлуката е „легализација на расколот и оти претставува катастрофален потег со кој е помината црвената линија“.

Одлуката на Цариградската патријаршија ја коментираше и претседателот на Украина, Петро Порошенко, истакнувајќи дека тоа е прашање на украинската безбедност, државност и светската геополитика.

– Тоа е пад на третиот Рим, наведе Порошенко, додавајќи оти Украина ќе ги гарантира верските слободи на припадниците на сите конфесии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...