Осум лица загинаа откако циклонот Титли ги погоди индиските сојузни држави Андра Прадеш и Ориша.
Сите жртви се во Андра Прадеш, а засега нема информации за загинати во Ориша. Шест од жртвите биле рибари.
Титли ги погоди источните делови на Индија, корнејќи дрвја, далноводи и уништувајќи куќи, поради што речиси 300.000 луѓе се евакуирани.
Циклонот Титли, што во превод значи „пеперутка“, е проследен со ветер кој дува со јачина и до 150 километри на час, како и поројни дождови.
Училиштата се затворени, а редуциран е и воздушниот и железничкиот сообраќај. Стотици илјади семејства останаа без електрична енергија.
Метеоролозите предвидуваат дека циклонот до вечерва нема да ја намали својата јачина, а во меѓувреме и крајбрежните области на Бангладеш се предупредени да се подготват за евентуална бура.
ФОТО: EPA-EFE/STR