Во Егејското Море пронајдени остатоци од 58 потопени бродови

459
ФОТО: EPA / DAVID HECKER

Археолози во Грција пронајдоа остатоци од 58 потопени бродови со многу антиквитети, што претставува најголемо откритие во Егејското Море.

Остатоците од бродовите се пронајдени во близина на островите Фурни во источниот дел на Егејското Море, а потекнуваат од различни временски периоди – грчки, римски и византиски.

Подводните истражувања ги спроведе меѓународен тим кој во 2015 година прво пронајде остатоци од 25 бродови, подоцна оваа бројка се искачи на 58, а археолозите веруваат дека на дното од морето се уште има други кои не се откриени.

Во остатоците од бродовите се пронајдени над 300 предмети, од кои најмногу има амфори што се користеле за транспорт на вино, масло или мед.

Експертите големиот број на потопени бродови токму во овој дел на Егејското Море го објаснуваат со силните ветришта што тука ги има за време на бурите, како и со каменестиот брег на островите Фурни.

ФОТО: EPA / DAVID HECKER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...