Првата дама на САД, Меланија Трамп, изјави дека жените кои обвинуваат за сексуално злоставување треба да се слушнат и да се поддржат, но исто така и мажите.
Таа за Еј-Би-Си њуз истакна дека тие кои обвинуваат треба да достават цврсти докази.
– Ги поддржувам жените и тие треба да бидат сослушани. Треба да ги поддржиме. И, знаете, исто така и мажите, не само жените – истакна Меланија Трамп одговарајќи на прашање дали го поддржува Движењето „МиТу“ (#MeToo).
Таа додаде дека „медиумите понекогаш одат предалеку и оти поединечни приказни не ги пренесуваат на конкретен и точен начин“.