Шарлиз Терон за улогата во новиот филм „Тули“ се здебели 16 килограми, а неодамна се појави и трејлерот за оваа драма.
Таа во филмот игра мајка на две деца, која е бремена со третото, а на инсистирање на нејзиниот брат ја ангажира дадилката Тули, иако во почетокот е скептична за оваа одлука.
Актерката истакна дека и претходно се соочувала со улоги во кои требало да се здебели, но дека овие 16 килограми вишок навистина тешко и паднале.
– Беше брутално во секоја смисла, се одрази на моето здравје – посочи Терон.
Актерката потенцира дека паднала во депресија, а исто така и било особено тешко да се ослободи од вишокот килограми.
Претходно Терон за улогата во филмот „Монструм“ се здебели 13 килограми.