Банкарите полесно да го одврзуваат ќесето за компаниите

75

Банкарскиот сектор да покаже поголем слух за полесно обезбедување финансиски средства за компаниите, побараа  денеска од Сојузот на стопански комори.

Сојузот ја поздравува поддршката од 100 милиони евра за стопанството преку Македонската банка за поддршка на развојот и смета дека тоа е добар чекор бидејќи ќе значи дополнителен импулс за придвижување на инвестицискиот циклус во Македонија, но неопходно е државата да стори што е можно повеќе за поквалитетен настап на странските пазари.

– За квалитетен извоз не се потребни само финансии, туку и квалитетен кадар. Соработката со универзитетите и компаниите треба да се издигне на повисоко ниво. Не е тајна дека засега е на релативно ниско ниво кое едвај функционира. Уште еден битен елемент е изградба на индустриски зони. За инвестирање во нова опрема и нови машини потребни се простори за тоа да се направи – истакна денеска на прес-конференција Трајан Ангелоски од Индустриска комора во ССК.

Тој смета дека македонската економија не треба да се потпира само на земјоделството и градежништвото.

– Индустријата да го заземе своето место зашто секогаш дава повисоки стапка на раст и во континуитет е далеку поoтпорна на какви било надворешни влијанија – рече Ангелоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...