БиХ соборува рекорди! За сега 452.324 неважечки гласачки ливчиња на изборите

Многу политички партии предупредија дека изборите поминале нерегуларно, со бројни измами и кражба на гласови.

771

Централна изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) утрово ги објави новите прелиминарни резултати за општите избори кои се одржаа на 7 октомври, јавуваат босанските медиуми.

На изборите право на глас имале 3.352.933 граѓани кои бираа претставници за Претседателството на БиХ, Парламентот на БиХ, Парламент на федерацијата на БиХ и претседател и потпретседател на Република Српска, Собранието на РС и собранијата на кантоните на ФБиХ.

Тоа што особено паѓа во очи, нагласуваат медиумите, е огромниот број од 452.324 неважечки гласачки ливчиња, од кои 107.337 за Претседателство на БиХ, 135.971 за Парламентот на Босна и Херцеговина, 68.909 за Парламентот на Федерацијата на БиХ и т.н.

Но, бидејќи пребројувањето сѐ уште трае, до сега се обработени 93,04 избирачки места, се очекува бројот на неважечки гласови да помине преку половина милион избирачки ливчиња.

Многу политички партии предупредија дека изборите поминале нерегуларно, со бројни измами и кражба на гласови, пишуваат босанските медиуми.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...