Во ЕП усвоен компромисен амандман за границите на Србија и Косово

390

Првпат во Европскиот парламент денеска на седница на Надворешно-политичкиот одбор усвоен е извештај со внесен компромисен амандман, кој се однесува на разговори за можна корекција на граници како дел од решението за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, јави Танјуг.

„Се поддржува дијалогот во кој посредува Европската Унија како рамка за постигнување сеопфатен договор меѓу Србија и Косово. Се смета дека секој договор може да биде прифатлив само доколку е взаемно усогласен, и ја зема предвид целокупната стабилност на регионот и меѓународното право“, се заклучува во текстот на компромисниот амандман.

Ист текст е внесен и во извештајот за Косово, кој исто така, е усвое во Надворешно-политичкиот одбор на ЕП.

За извештајот со дополнителен амандман гласаа 49, а три члена на Одборот беа против. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...