ММФ ја намали прогнозата за раст на македонската економија

Претходнодната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто.

345

Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 отсто, предвидува Меѓународниот монетарен фонд во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“.

Претходнодната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто.

ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година годишен раст од 3,4 отсто.

Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово четири отсто, Црна Гора 3,7 отсто, Бугарија 3,6, БиХ 3,2 отсто и Хрватска 2,8 проценти.

ММФ во есенскиот извештај ја намали проценката за глобалниот раст за 2018 и 2019 година.

Светската економија и оваа и наредната година ќе порасне за 3,7 проценти, наместо претходно предвидентие 3,9 проценти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...