Византиска црква стара 1500 години откриена во Едрене

137

Црква од ранoвизантискиот период, стара 1.500 години, е откриена во Синакој, археолошко наоѓалиште во турскиот округ Едрене, јави турската новинска агенција Анадолија.

Според професорот Енгин Бексач, црквата е една од најстарите во Тракија, изградена околу 500 г. н.е. Во текот на археолошките истражувања расчистена е основата на црквата. Камената платформа врз којашто зданието е изградено, е во добра состојба.

– Во оваа област се наоѓала древната населба Прабадон или Правон, а откриени се и траги од Траките – изјави Бескач.

Во средниот век местото било важен центар во Византиското Царство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...