Калинка – симбол на здравје, плодност и долговечност

Сега им е времето, а најубаво од сѐ е што ги има и по скопските дворови. Ако ви е мачно чистењето и голтањето на семчињата во зрната калинка, секогаш можете многу лесно да си исцедите сок на обична цедалка за лимон.

1120

Калинката е одлична за срцето и крвните садови и се верува дека има најсилни антиоксиданси од сите овошја.

Од секогаш биле симбол на здравје, плодност и долговечност. Богати се со флавоноиди и полифеноли, силни антиоксиданси кои ве штитат од срцеви болести и рак.

Само една чаша чист сок од калинки има повеќе антиоксиданти отколку црвеното вино, зелениот чај, боровинките и брусниците. Полни се со витамини Б, калиум и фолна киселина.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...