Југоекспорт Стил ги објави саемските мебел попусти

694

Етаблираниот бренд за мебел, Југоекспорт Стил, е дел од 44. Меѓународен саем на мебел кој ќе се одржи од утре до 14. октомври, на површина од 8000м2 во комплексот ВИП Арена Борис Трајковски. Саемските попусти ќе важат и во сите салони на Југоекспорт Стил, како и онлајн преку нивната официјална веб страна (www.jugoexportstil.mk), информираа од компанијата.
Југоекспорт Стил нуди бесплатен транспорт и монтажа низ цела Македонија, а овозможува и директна нарачка и електронско плаќање преку нивната веб страна,
односно преку првиот мебел e-shop во Македонија на компанијата пуштен во употреба во 2017 година.

Оваа компанија ја продолжи и надгради традицијата на поранешниот реномиран бренд Југоекспорт. Југоекспорт Стил е основан во 1991 година во Македонија, со ексклузивен продажен простор во ГТЦ – Скопје, со површина од 420м2. Брендот има свој центар за мебел во Струмица 610 м2, како и во Илинден (наспроти хотел Белви) со 6.000м2.
Југоекспорт Стил воодушевува со дизајнираниот мебел и модерните чисти линии, како и со италијанскиот мебел на кој никој не може да му одолее.

Сите каталози со саемски промотивни цени кои се состојат од повеќе од 300 производи можете да ги погледнете тука: http://www.jugoexportstil.com.mk/Home/
Контакт телефоните и другите информации за салоните можете да ги погледнете на следниот линк: http://www.jugoexportstil.com.mk/Home/Contact

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...