Бугарската злоупотреба на фондовите на ЕУ ќе ги истражува ОЛАФ

- Многу сериозно ги примаме сите сомнежи изразени во врска со злоупотреба на структурните фондови - рекоа од ОЛАФ.

181

Европската комисија нема толеранција за корупција и злоупотреба на средства на ЕУ, изјави висок претставник на Европската служба за спречување измами (ОЛАФ).

– Многу сериозно ги примаме сите сомнежи изразени во врска со злоупотреба на структурните фондови, ги следиме медиумските извештаи поврзани со Бугарија – додаде тој во врска со сомнежите за прекршоци околу јавни набавки за градежништво во Бугарија.

Истиот извор информира дека ЕК ќе поднесе извештај до ОЛАФ и оти веќе се побарани податоци за овие наводи од соодветните власти.

Тој појасни дека ЕК е должна да и доставува на ОЛАФ секакви податоци за кои смета дека треба да бидат подложени на темелна проверка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...