За една година трошоците за живот пораснале за 1,5 отсто

Статистичките податоците покажуваат дека цените на мало во септември 2018 година, во споредба со септември лани забележан е пораст од 2,6 отсто.

49

Трошоците на животот во септември 2018 година, во однос на претходниот месец, бележат намалување за 0,1 отсто, а цените на мало за 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Статистичките податоците покажуваат дека трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со септември лани забележан е пораст од 1,5 отсто, а цените на мало 2,6 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за два отсто, другите прехранбени производи за 0,8 отсто, трбушките за 0,7 отсто, сирењето и урдата за 0,5 отсто, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,4 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,3 отсто, брашното и другите жита, замрзнатиот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 16,2 отсто, услугите за сместување за 6,4 отсто, информатичката опрема за три отсто, парамедицинските услуги за 2,4 отсто, велосипедите, туристичките-пакет аранжмани за 1,9 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,2 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за еден отсто, цврстите горива за
домаќинствата, игрите, играчките и хобијата за 0,7 отсто, високото образование за 0,6 отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,5 отсто, материјалите за оджување и поправки на станот и големите електрични апарати за 0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 7,4 отсто, замрзнатото овошје за 0,7 отсто, конзервираното овошје за 0,6 отсто, рибата и морските плодови за 0,5 отсто, млекото за 0,4 отсто, другите преработки од месо, алкохолните пијалаци за 0,3 отсто и оризот за 0,2 отсто.

Во септември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 2,8 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 2,6 отсто, гасот за домаќинствата за два отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1,6 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,6 отсто, мебелот за домаќинствата за 0,5 отсто, угостителските услуги за 0,4 осто, телефон и телефакс-опремата, услугите за лична хигиена за 0,3 отсто, теписите и другите покривки за под, градините, растенијата и цвеќињата за 0,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...