Еден австралиски турист кој патувал во Индонезија, објавил фотографии од она што тој го опишува како „налутени црвени траги“ на неговиот грб, според техниката на масажа позната како „црвен змеј“ на Бали.
Кендис Рајсон и нејзиниот сопруг Метју, од Јужна Австралија, биле на возбудливо, но исцрпувачко патување околу Индонезија, па решиле да се разгалат себеси и да се почестат со масажа.
Кендис Рајсон отишла прва на масажата, но кога дошол редот на Метју, масерката прашала дали може таа да го „извади црвениот змеј од него”. Неговата сопруга Кендис се согласила, мислејќи дека тоа е некаква молитва.
Но, двојката останала шокирана кога масерката, наместо тоа, продолжила да ја гребе кожата на Метју со метална монета, оставајќи го со агонизирачки црвени ленти по неговиот грб.
Кендис рекла дека болните, иритирачки ленти сè уште биле таму следниот ден.
Метју се обидел да ја види забавната страна на целата ситуација, иако тој бил во болки.
Гледајќи светлата страна, Метју рекол дека по страдањето од болките во грбот повеќе од три години, неговиот грб се чувствува многу подобро – иако на болните црвен ленти на неговата кожа им требало пет дена за целосно да заздрават.
„Фер е да се каже дека сите „плачеме“ од смеење – мојот кутар сопруг!“, рекла Кендис.
Фото: Инстаграм/thesun.co.uk