Бизнисмени: Проблем ќе биде ако политичката прерасне во безбедносна криза

Ако политичката криза прерасне во безбедносна тогаш ќе имаме големи проблеми. Нашите странски доверители во такви ситуации ќе почнат да се колебаат во однос на договарањето што ќе предизвика проблем, вели Ангел Димитров.

119

Влегувањето во нова политичка криза ќе се одрази на извозната активност на компаниите, но можно е многу повеќе таа да влијае на нивните планови за инвестирање и отворањето кон нови пазари, смета Стопанската комора на Македонија.

Од Комората и денеска го повторија ставот дека бизнисмените очекуваат брзо надминување на неизвесниот период.

– Ако Македонија влезе во политичка криза, тоа би влијаело на извозната активност на компаниите.Можеби кризата повеќе ќе влијае на нивното охрабрување да инвестираат во капацитетите и да растат, да сакаат да отворат нови пазари, но се надеваме дека брзо ќе го надминеме овој неизвесен период – изјави претседателот на Клубот на извозници при Комората Глигор Цветанов.

Засега, како што велат од Комората, забележан е континуитет во бројот на извозни компании.

Ангел Димитров, директор на конфекцијата „Мода“ вели дека политичката криза нема да влијае на веќе договорените извозни зделки во текстилниот сектор, но ако таа прерасне во безбедносна криза тогаш и бизнисот ќе има проблеми.

-Ако политичката криза прерасне во безбедносна тогаш ќе имаме големи проблеми. Нашите странски доверители во такви ситуации ќе почнат да се колебаат во однос на договарањето што ќе предизвика проблем – вели Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...