Северина може да го загуби старателството над својот шестгодишен син, поради последниот скандал

Адвокатот Небојша Перовиќ објаснува зошто Милан сега има поголеми шанси да го добие старателството.

1790

Угледни правници тврдат дека Милан Поповиќ лесно може да добие целосен старателство над неговиот наследник Александар откако биле објавени новите голи фотографии на неговата поранешна сопруга.

Северина Којиќ би можела да го загуби старателството над својот шестгодишен син Александар поради последниот скандал со порнографија, сметаат почитуваните српски адвокати. Пејачката и нејзиниот поранешен партнер, Милан Поповиќ, веќе неколку години се борат со грда битка во судот, а нејзините најнови голи фотографии кои се појавија на Интернетодат во прилог на „кралот на бакарот“.

Адвокатот Небојша Перовиќ објаснува за Информер зошто Милан сега има поголеми шанси да го добие старателството.

– Секој суд ќе ги земе предвид елементите на порнографијата, кои се присутни во овој случај. Во последните две години имало неколку случаи кога децата им се дале на татковците. До перидот на доењето, детето му припаѓа на мајката, а потоа судот одлучува за сите елементи. Центарот за социјална работа во Хрватска треба да ја земе предвид оваа порнографска фотографија. Мојата долгогодишна практика покажа дека обично оние кои се на фотографиите сами ги имаат објавено фотографиите.

Од друга страна, адвокатот Боривоје Бата Пајевиќ верува дека на Северина не може да ѝ наштетат многу нејзини фотографии.

– Не е препорачливо да се појавуваат нон-стоп голи фотографии и снимки од мајка на малолетното дете. Олеснувачката околност е дека ова повеќе не е конзервативна средина, туку стана многу либерална. Па, многу мајки се капат и се сончаат топлес и објавуваат фотографии! НаСеверина ова може да и штети пред судот, но и не мора – рече Пајевиќ.

извор:Informer

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...