Американскиот комичар Кет Вилијамс е уапсен во Портланд, Орегон, САД поради напад на возач од градскиот превоз.
Сослушувањето по обвинението е закажано за денеска.
Вилијамс (47) моментно e в затвор, а на физичкиот напад му претходела кавга поради превозот на Вилијамс и неговото куче од аеродромот во Портланд до местото каде што имал настап. Жртвата имала исеченици и отоци по лицето.
Вилијамс заминал со друго возило, а бил уапсен во саботата.
Настапите на комичарот се емитуваат на каналите Ејч-Би-О и Нетфликс.
ФОТО: Твитер