Во Младеновац денеска почнува меѓународната теренската вежба за управување со последици од вонредни ситуации СРБИЈА 2018, на чија церемонија ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Вежбата, што ќе трае до 11 октормври, ќе се одвива со Евроатланскиот координативен центар за вонредни состојби, кој е специјализиран дел на НАТО за реагирање во случај на природни кататстрофи, а како сценарио за вежбата е избран земјотрес.
На вежбата, која во српските медиуми е насловена како „Најголема НАТО вежба во Србија“, ќе учествуваат 24 меѓународни тимови од 37 земји, со над 900 учесници од Србија, кои ќе го увежбуваат итниот одговор на вонредни соотојби во случај на природни кататстрофи или хемијско-биолошки инциденти.
Претседателот Алекссандар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по вежбата во Белград ќе учествуваат на посебен настан во рамките на Белградскиот безбедоносен форум, каде ќе дебатираат на темата „Лидерство за безбедност на регионот“.