Чад и пламен од Сарај до Драчево, Маџари и назад

Викендов изгледа беше денот Д. Сите оние кои не направија досега, како да им е последно, токму викендов решија да ги распалат печките и да направат ајвар.

897

Сабота наутро. Се разбудив со мирисот на чад во ноздрите. Иако баш и немам многу „проодно“ сетило за мирис, имав впечаток дека огнот мора да е многу близу, со оглед на интензивниот мирис на чад што го чувствував. И додека избезумено трчав накај кујната да проверам да не решила мајка ми (која инаку страда од деменција), да ни зготви нешто за појадок, видов дека има чад насекаде околу нашата куќа, но за среќа, не и во неа.

Не можев да поверувам дека е можно сите да решиле да прават зимница токму овој викенд. Чадеше од две куќи кои се зад нашата, една до нас и двете најблиски пред нас. За тие подолу по улицата, како и во околните улици, не знам, ама овие околу нас чадеа со полна пареа.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...