Шефот на Интерпол, Менг Хонгвеј, поднел оставка, откако официјален Пекинг објави дека тој е осомничен за кршење на законите.
„Денеска, 7-ми ноември, генералниот секретаријат во Лион доби известување за поднесување оставка од г-дин Менг Хонгвеј на должноста претседател на Интерпол. Оставката стапува на сила веднаш“, се истакнува во соопштението на меѓународната криминалистичка полиција.
Вршител на должноста ќе биде вишиот потпретседател на Интерпол, Ким Чон Јанг од Јужна Кореја. Новиот шеф ќе биде избран на седницата на генералното собрание што ќе се одрж од 18 до 21 ноември, во ОАЕ.
Против Менг Хонгвеј „се води истрага бидејќи е осомничен дека го кршел законот“, според соопштението на веб странциата на Централниот комитет на дисциплинската комисија на Кинеската комунистичка партија, задолжена за санкционирање на корупцијата на функционерите.