Чернобил повторно произведува струја

385

Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околку Чернобил и на местото каде што се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот изградија соларна електрана.

Засега станува збор за скромен објект со капацитет од еден мегават, а се наоѓа на 100 метри од поранешната нуклеарна централа.

Соларните плочи покриваат површина од 1,6 хектари и произведуваат доволно електрична енергија за 2.000 домаќинства.

Новата соларна електрана, иако во моментов има ограничено производство, властите очекуваат да биде далеку поголема. Таа во иднина е планирано да се простира на 2.500 хектари и да има моќност од 100 мегавати.

Како предност на инвеститорите им се нуди ниската цена на земјиштето, како и директната поврзаност со електричната мрежа.

Нуклеарната катастрофа во Чернобил се случи на 26 април 1986 година, а по несреќата стотина илјади лица беа евакуирани од областа со површина од 2.600 квадратни километри.

Зоната оттогаш е забранета за живеење и нема да биде населена уште 24.000 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...