Со освоени 30 гласови за песната „Никогаш не вели никогаш“, младата пејачка Антонија Гиговска синоќа го освои овогодинешното издание на музичкиот фестивал „Макфест“ кој се одржуваше во Штип.
Второто место оди кај Роберт Билбилов кој ја отпеа песната „Чудни места“, додека третата награда оди кај Дани Димитровска со нумерата „Време“.
Наградата за најдобар дебитант „Душан Љубисављевиќ – Дуле“, замина во рацете на младата Нина Блажев со песната „Во други души“.