34 лица починале од западнонилска треска во Грција

341

Вкупно 34 лица починале од западнонилска треска во Грција, соопшти Националниот центар за контрола и превенција на болести.

Вкупниот број на луѓе заразени со вирусот во земјата изнесува 289 лица.

Од 27 септември до 4 октомври, 18 луѓе биле заразени со вирусот Западен Нил, а тројца од нив починале, соопшти Националниот центар за контрола и превенција на болести.

Вирусот на западнонилската треска, кој го пренесуваат комарци, во Грција првпат се појави во 2010 година.

Големиот број на заразени со вирусот годинава се должи на високите температури и поројните дождови од почетокот на летото во Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...