Земјотрес на Сицилија, има повредени

189

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во провинцијата Катанија на италијанскиот остров Сицилија.

Епицентарот на земјотресот бил на територијата на општината Санта Марија ди Ликодија и на длабочина од девет километри. Според локалните медиуми, неколку лица биле хоспитализирани со мали повреди, и во состојба на шок. Како резултат на земјотресот, паднати се дел од фасадите на неколку згради. Локалните власти во општината отцепија поединечни области.

Штети се предизвикани и во две соседни општини – Бјанкавила и Адрано. Потрерсот бил почувствуван на целата територија на провинцијата Катанија, како и во провинциите Ена и Месина и во градот Сиракуза.

Во јули беа објавени извештаи дека научниците забележале нова сеизмичка активност во областа на вулканot Етна, кој е најголем во Европа. Тој исто така се наоѓа во западниот дел на островот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...