Неколку луѓе денеска се повредени во Берлин откако возило удри во кафуле, соопшти германската полиција.
Но, во соопштението не се наведени повеќе детали, освен тоа дека инцидентот најверојатно не е поврзан со тероризам.
Се претпоставува дека возачот веројатно имал здраствени проблеми.
– Според првичната истрага на нашите колеги, што е спроведена на лице место, возачот имал здраствени проблеми – објави берлинската полиција на Твитер.
Во Германија степенот на готовност е подигнат на високо ниво откако пред две години туниски екстремист со украден камион влета на божиќен панаѓур во Берлин, при што загинаа 11 луѓе.