Кинескa провинција ќе гради национален парк за панди

187

Властите во кинеската провинција Сечуан обезбедиле околу 1,58 милијарди долари во следните пет години за планираниот проект за национален парк за панди, кој ќе биде трипати поголем од американскиот Јелоустоун, пишува весникот „Чајна дејли“.

Во паркот ќе бидат заштитени дивите панди од Сечуан, провинциите Шанкси и Гансу, а финансирањето ќе помогне да се намали сиромаштијата на жителите во паркот и ќе се подобри инфраструктурата.

Минатиот месец кинеското Министерство за животна средина одобри планови за 15 провинции и региони да повлечат „црвени линии“ и да задржат големи делови од своите територии, вклучувајќи ги шумите, мочуриштата, националните паркови и заштитените природни зони од неограничениот економски развој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...