Дуа Липа најави нов студиски албум

78
ФОТО: EPA/VALENTIN FLAURAUD

Светската музичка ѕвезда во подем, Дуа Липа изјави дека работи на нов студиски албум кој наскоро би требало да биде објавен. По повеќе успешни соработки, таа открива дека на новиот проект би сакала да работи со Пинк, Френк Оушн и Алиша Кис.

Пејачката која неодамна Би-би-си ја стави на листата највлијателни жени во светот на музиката, говореше за реиздавање на дебитантскиот албум каде што има дуети со Мигел, Блекпинк, Калвин Харис, Дипло, Мартин Гарикс и Шон Пол. Неодамна таа го објави и синглот „Еlectricity”.

– Возбудена сум поради мојот прв концептуален албум, оти тоа е нешто сосем ново за мене и среќна сум за тоа, изјави поп-ѕвездата во скорешно интервју.

Британската пејачка од албанско потекло е позната по своите ретрто елементи, и тоа што во нејзината музика се чувствува влијанието на Принс, „Ауткаст“ и „Гнарлс Баркли“.

ФОТО: EPA-VALENTIN-FLAURAUD

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...