Вчера во Вашингтон и Њујорк беа одржани протести против Брет Кавано, кандидатот за врховен судија во САД, предложен од претседателот Доналд Трамп. На протестите излегоа многу славни личности, а полицијата уапси околу 300 протестанти меѓу кои се најдоа и манекенката Емили Ратајковски и комичарката Ејми Шумер.
– Денес бев уапсена за време на протестот против кандидатот за врховен судија Брет Кавано, човек кој е обвинет од повеќе жени за сексуално насилство. Човек кој наштетил на жени не може да биде на така моќна функција. Потврдата на неговата кандидатура е порака до жените од оваа земја дека не се важни. Барам од Владата да ги признае, почитува и поддржува жените подеднакво како и мажите – напиша Емили на својот Инстаграм откако беше пуштена од полицијата.
Досега три жени го обвинуваат Кавано за сексуален напад. Едната од нив ја застапува адвокатот Мајкл Авенати, кој ја застапува и порно глумицата Сторми Даниелс, која, пак, судски се обидува да го поништи договорт со американскиот претседател Доналд Трамп за молчење за наводната врска со него пред повеќе од десет години.
— Mario (@mwcueva) October 4, 2018
Kavanaugh protesters on their way to Trump Tower. I’ve seen a lot of protests in New York since Trump got elected. The anger feels very different today pic.twitter.com/MOQsOoH2pA
— Mara Gay (@MaraGay) October 4, 2018
фото: Инстаграм