Ракот на дојка е петта најсмртоносна форма на рак во светот

Октомври е национален месец за свесност за рак на дојка, кога јавните организации, медицинските професионалци, владините агенции и невладините организации работат на промовирање на свеста за оваа болест. Во текот на изминативе 10 години, бројот на новозаболени од рак на дојка во Македонија е двојно зголемен.

338

Во недела, на 7. октомври, во Градскиот парк во Скопје кај Школка, традиционално, 10. година по ред ќе се одржи настанот „Напред розово“, со кој воедно се одбележува 10-иот јубилеј на оваа национална кампања за подигање на свесноста за ракот на дојка, во организација на Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден”.

Mесец за свесноста за ракот на дојката е годишна меѓународна здравствена кампања од страна на големите добротворни организации за рак на дојка, со цел секој октомври да се зголеми свеста за болеста и да се соберат средства за истражување, превенција, дијагноза, третман и лекување на овој карцином. Кампањата, исто така, нуди информации и поддршка на оние кои се засегнати од рак на дојка.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...