Бројот на работници во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари минатата година, е зголемен за шест отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во секторот „рударство и вадење камен“ во јануари годинава, во однос на јануари лани, бројот на работници бележи пораст од 0,2 отсто, а во „преработувачка индустрија“ од 6,8 отсто. Пад на бројот на работници се забележан во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 0,9 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари минатата година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 13,2 отсто, „капитални производи“ за 18 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,6 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,3 проценти, а опаѓање кај „енергија“ за 1,1 отсто.