Мекалистер: Не треба да е цел создавање етнички хомогени држави

- За темите кои се на распоред во преговорите одлучуваат двете страни заеднички, а ЕУ дејствува како посредник - наведе Мекалистер.

84

Европскиот Парламент смета дека каков било договор меѓу Белград и Притшина може да биде прифатен само ако се договорат обете страни и ако се земе предвид стабилноста во регионот и меѓународното право, изјави синоќа известителот за Србија во ЕП Дејвид Мекалистер, истакнувајќи дека ЕП не е склон кон создавање етнички хомогени држави.

– Европскиот Парламент е запознат со дебатата која се однесува на можна корекција на границите меѓу Србија и Косово, вклучувајќи размена на територии, изјави Мекалистер, но укажа дека европарламентарците се залагаат за „мултиетничка природа на Косово и Србија“.

Тој истакна дека во овој момент не е можно да се предвиди ниту содржината ниту датумот на можниот договор, пренесува Танјуг.

– За темите кои се на распоред во преговорите одлучуваат двете страни заеднички, а ЕУ дејствува како посредник. Можам само да ги охрабрам двете страни да продолжат на овој пат со предизвици – наведе Мекалистер.

ФОТО: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...