Атинскиот архиепископ Јероним ја откажа средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Атина

Двете православни Цркви имаат сложени односи, главно поради тоа што Грција всушност е поделена помеѓу епархиите на Патријаршијата и Архиепископијата.

211

Атинскиот архиепископ Јероним синоќа ја откажа закажаната средба планирана за утрово со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, објави „Катимерини“. Црковни лица го оценија овој настан како реткост, нагаѓајќи која порака сака да се испрати со тоа.

Официјалната причина за откажувањето на средбата, е состанокот на Светиот Синод на Атинската Архиепископија, на кој мора да биде избран нов митрополит на Лариса, пренесува БТА.

Меѓутоа, откажувањето на средбата со Вселенскиот патријарх веројатно зборува за незадоволството и лошата атмосфера што владее меѓу Вселенската Патријаршија и Грчката Православна Црква.

Двете православни Цркви имаат сложени односи, главно поради тоа што Грција всушност е поделена помеѓу епархиите на Патријаршијата и Архиепископијата, наведува бугарската агенција БТА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...