ЕК: „Рајанер“ ги крши правата на своите патници

397

Европската комисија денеска ги повика телата на ЕУ задолжени за заштита на правата на потрошувачите да извршат проверка на неодамнешните промени во политката на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ за исплата на отштета.

Според Еврокомисијата, со новите правила на „Рајанер“ се кршат правата на клиентите на компанијата.

Со изменетите правила на „Рајанер“ се превидува незадоволните клиенти да можат да бараат обесштетување од компанијата само преку судовите во Ирска.

– Со загриженост ја прочитав информацијата за „Рајанер“. Факт е дека патниците ќе можат да поднесуваат тужби само Ирска, што очиглено е во спротивност со правилата (на ЕУ), објави на Твитер еврокомесарката за правда, заштита на потрошувачите и еднаквост меѓу половите Вера Јоурукова.

„Рајанер“, кој се соочува со серија штрајкови на вработените, соопшти дека на патниците ќе им враќа пари за купените билети за летовите што се откажани, но дека нема намера да им плаќаат отштета поради тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...