Во САД обвинети седум офицери на руската ГРУ за хакирање

120

Американското Министерство за правда покрена обвинение притив седум офицери на руската воена разузнавачка агенција (ГРУ) поради хакирање на Антидопинг агенцијата и други организации.

Во обвинението се наведува дека на мета на ГРУ биле тие кои јавно ја поддржувале забраната за учество на руските атлетичари на меѓународни спортски натпревари.

Според американското Обвинителство, на мета на Русите биле и компанијата за нуклеарна енергија во Пенсилванија, како и една меѓународна организација која истражува употребата на хемиско оружје во Сирија, како и труењето на поранешниот офицер на ГРУ, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Во обвинението се наведува дека хакирањето често е „извршувано од далечина“, а ако во тоа не успеале, преземале „онсајт“ хакерски операции со асистенција на членови на ГРУ, кои патувале со „софистицирана опрема со цел да се хакира преку ви-фи мрежа“.

Претходно, холандската министерка за одбрана Анк Бејлевелд изјави дека Воената разузнавачка служба на Холандија спречила руски хакерски напад врз ОЗХО.

Според неа, нападите биле извршени во април од припадници на руската воена разузнавачка агенција (ГРУ) и четворица Руси се протерани од Холандија, за кои постои сомневање дека извршиле хакерски напад врз ОЗХО.

Осомничените за нападот имале дипломатски пасоши.

Русите, наводно, сакале да дојдат до досиеја за истрагата за падот на авионот МХ-17 во Донбас во 2017 година, како и до материјалите за нападот врз рускиот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...