Издадени 189 одобренија за градење во јануари

110

Во јануари годинава се издадени 189 одобренија за градење, што е за 48,6  отсто помалку во однос на јануари лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.412.194.000 денари, што е за 54,1 отсто помалку во однос на јануари минатата година.

Според статистика, намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење експресен пат во Источниот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 се наменети за објекти од високоградба, 20 за нискоградба и 37 за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 233 станови, со вкупна корисна површина од 24.943  метри квадратни.

Кај 140 објекти инвеститори се физички лица, а на 49 деловни субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...