Пораст од 24,3 отсто на извозот за осум месеци

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 1,457 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 75,3 отсто.

97

Вкупната трговска размена со странство во периодот јануари-август 2018 година изнесува 10,315 милијарди американски долари, од што вредноста на извозот изнесува 4,428 милијарди долари, а увозот 5,886 милијарди долари, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоците извозот забележал раст од 24,3 отсто, а кај увозот 21,5 отсто.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 1,457 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 75,3 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-август 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...