Северина Којиќ пак се најде во центарот на порно-скандалот кога во медиумите беа објавени фотографии на кои е гола. Разголената Северина се фотографирала со помош на селфи стап, а фотографиите протекоа во јавноста, пренесува „Курир.рс“.
Како што пренесува „24сата.хр“, во нејзиниот дом, откако фотографиите излегоа во јавноста е „кризна состојба“, а тие наведуваат дека Игор Којиќ, сопругот на Северина тој ден излетал од станот „бесен како рис“, а се вратил во домот дури по неколку часа подоцна откако фотографиите протекле во јавноста.
Од друга страна, менаџерот на Северина, Томица, веднаш дошол во нејзиниот стан во Загреб и цело време бил со пејачката.
Фотографиите на кои пејачката е гола настанале, како што и самата Северина оддала, во 2015 година.
ФОТО: Курир.рс/Драган Кадиќ