Сули ан блесна во рамките на проектот „Стар современ град”

395

Завршната презентација на проектот „Стар современ град“ се одржа синоќа во Сули ан, со поддршка на Министерство за култура и Град Скопје.

Проектот кој на публиката ѝ овозможи уникатно визуелно искуство е на Матеа Дрецкин, кој е негов концептуален и идеен автор, а е реализиран со соработка со тројца визуелни уметници – Борис Ристевски, Сермедије Бериша и Ивана Мојсовска.

-Среќен сум со реализацијата на проектот на кој работевме посветено и во кој вложивме многу љубов. Како млади уметници ќе продолжиме со ваквите проекти и активности кои позитивно влијаат врз уметничката сцена и културната матрица во Македонија- изјави Дрецкин.

Дел од сложувалката на „Стар современ град“ во Лавиринтот на Дрецкин беше и присуството на современите танчери Бобан Русески, Јована Зајкова, Тереза Лазарев и Сара Цветковска од Катедрата за современ танц при УГД, во кореографија на Адријана Данчевска, кореограф и танчер при Скопје танцовиот театар. Амбиентот беше дополнет со музика креирана од музичарот Тома Димовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...