Пејачот Џастин Тимберлејк на социјалните мрежи откри дека внимателно работи на својата нова книга „Hindsight”, објавувајќи фотографија на која е прикажан како седи во фотелја и пишува на лаптоп.
Тимберлејк посочи дека книгата ќе биде во продажба од 30 октомври, во неа се наоѓаат бројни анегдоти и дека се опишани интересни случувања од неговиот живот и кариера. Во книгата ќе има и голем број на необјавени фотографии од неговата приватна архива.
Поддршка за неговиот нов проект Тимберлејк доби и од својата сопруга Џесика Бил, која со перверзен коментар под фотографијата на сопругот, ја насмеа јавноста.
– Мојот писател во акција. Отсекогаш ме плашел неговиот голем… мозок – напишала духовито Џесика.
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил заедно се 11 години, а во брак се шест години.
ФОТО: Инстаграм