Енрике Иглесијас усреќил со бакнеж обожaвателка на сцена (ВИДЕО)

Шпанскиот пејач по кој воздивнуваат милиони жени ширум светот, 43-годишниот Енрике Иглесијас, на концерт во Украина усреќил една обожавателка со сочен бакнеж.

113

Шпанскиот пејач по кој воздивнуваат милиони жени ширум светот, 43-годишниот Енрике Иглесијас, на концерт во Украина усреќил една обожавателка со сочен бакнеж.

Популарниот латино пејач изведувал еден од своите хитови, а девојката истрчала на сцената. Откако му го дала подарокот, девојката го бакнала пејачот во уста, но ни во лудило не очекувала дека тој ќе ѝ возврати, и тоа на ист начин.

Обожавателката не можела да верува дека пејачот ѝ возвратил со бакнеж, па со рацете цврсто го држела околу вратот, а фановите со сета сила врескале додека Енрике сочно ја бакнувал пресреќната девојка.

Веруваме дека овие неколку секунди девојката ќе ги памети целиот живот, а истовремено се прашуваме и која девојка не би ѝ позавидела на ова.

Енрике е во долгогодишна љубов со поранешната руска тенисерка Ана Курникова, а популарната двојка во декември 2017 година доби близнаци. Веста одекна како гром од ведро небо, бидејќи девет месеци ја чуваа бременоста во тајност.

Бакнежите на сцената се само дел од шоу програмата на Енрике, со оглед на тоа дека овој срцекршач и тоа како ужива во љубовта со својата убава партнерка.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...