Стигма, дискриминација, сегрегација, изолираност од семејството и другите деца, непристапност до образованието и до образовните објекти, се само дел од проблемите со кои се соочуваат децата со попреченост во Македонија.
Потребни се реформи, модификации во содржината, во методите на подучување, структури и стратегии во образованието, но и подигнување на јавната свест, со цел да се надминат бариерите за на сите деца од сите возрасти да им се обезбедат еднакви можности за учество во учењето и околина која одговара на нивните барања.
Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, чија потписничка е и Македонија, го гарантира правото на децата со попреченост на квалитетно инклузивно образование. Земјава треба да создаде услови за ова право децата со попреченост да можат да го оставарат, особено во редовните, а не посебните училишта. За тоа да се направи недостигаат реалнни бројки за овие деца, но и поголем број дефектолози, логопеди и друг стручен кадар во училиштата.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.