По најавите на една канадска компанија, Градскиот совет на Хјустон, Тексас, предвреме ги измени локалните прописи и забрани отварање јавни куќи со роботи.
„Куклите за љубов”, наречени така по научнофантастичната серија „Западен свет”, во која роботите се „интегрирани“ во општеството, па се наменети и за сексуални услуги, нема да бидат дозволени во оваа американска сојузна држава. Градските власти едногласно ги одобрија измените на прописите за занимањата поврзани со секс.
Тоа значи дека во објектите за сексуални услуги отсега се забранува полов однос со „антропоморфни направи”, односно механички предмети со човечки облик.
Членот на Градскиот совет, Грег Тревис образложi дека таков објект „не би бил добар за економијата во градот”. – Ние не сме град на гревот, нагласи Тревис.