Федерален суд во САД забрани прекин на програмата за заштита на имигранти од четири држави

Судијата Едвард Чен аргументираше дека прекинувањето на програмата може да причини големи страдања.

87

Федерален судија во Сан Франциско забрани времено администрацијата на претседателот Доналд Трамп да стави крај на програма што дозволува имигранти од четири држави за останат во САД.

Со програмата се обезбедува времена заштита на луѓе од војни или природни катастрофи.

Таа им дозволува на вкупно 300 илјади чуѓе од Хаити, Судан, Никарагва и Салвадор да останат во САД.

Судијата Едвард Чен аргументираше дека прекинувањето на програмата може да причини големи страдања и потешкотии на тие семејства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...