Рудникот „Саса“ отвори локална канцеларија за односи со јавноста која се наоѓа на вториот спрат од админситративната зграда на општина Македонска Каменица. Како што истакна денеска Неил Стивенсон, генерален директор на РОЦ Саса, отворањето на оваа канцеларија ќе значи пооблиска комуникација на граѓаните со нивни претставници.
– Отворањето на оваа канецаларија значи дека луѓето кои имаат потреба, да ститигнат до нас да не поминуваат петнаесетина километри, туку за сите потреби да се обратат до канцеларијата. Ќе биде отворена во петок, кога е пазарен ден во Македонска Каменица. Исто така, лицата кои се зинтересирани за вработување во „Саса“ ќе можат да се пријават во канцеларијата, каде ќе пополнат апликација, а ќе добијат и информации кога да дојдат на интервју. Оваа канцеларија ќе ја подобри соработката на рудникот со заедницата што е од големо значење и ќе придонесе кон заедничко решавање на проблемите – рече Стивенсон.
Градоначалничката на Соња Стаменкова потенцираше дека отворањето на канцеларијата ќе значи подобра комуникација навнаселението со рудникот кој е носечки стопански субјект во општината и регионот.
– И официјално е отворена канцелариајта со која исклучително ќе се подобри комуникацијата на населението со Рудникот Саса. Ова е уште еден чекор напред во соработката со Рудникот „Саса“ и верувам дека оваа добра соработка ќе продлжи и понатаму- истакна Стаменкова.