Во Литванија ќе се казнува за зборување на мобилен додека се преминува улица

213

Литванците наскоро ќе плаќаат високи казни ако полицијата ги затече дека користат мобилен додека преминуваат улица.

Новиот закон е донесен за да се намали бројот на жртвите во сообраќајните несреќи.

– Пешаците повеќе не ќе може да разговараат на мобилен додека се на пешачки премин и додека минуваат преку улица – изјавил министерот за транспорт Рокас Масиулис на седница на владата која телевизиите ја пренесувале во живо.

Казната за прекршителите може да изнесува до 40 евра.

Во Литванија, со 2,8 милиони жители во 2017 година 68 пешаци загинале во сообраќајни несреќи.

Според најновите европски статистики, Литванија е на трето место во ЕУ по смртност во сообраќајот, по Романија и Латвија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...