Првата дама на Америка вчера отпатува во Африка каде што ќе посети четири држави во името на администрацијата на својот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп.
Меланија Трамп на своето прво самостојно патување во странство кое ќе трае околу една недела, ќе ги посети Гана, Малави, Кенија и Египет.
Меланија својата посета на африканскиот континент ќе ја започне денес во Гана. Нејзината портпаролка Стефани Гришам изјави дека турнејата ќе биде од „дипломатски и хуманитарен карактер“ и ќе биде фокусирана на нејзината кампања „#BeBest“ посветена на децата.
Како што пренесуваат американските медиуми, Доналд Трамп ја нема посетено Африка откако ја превзеде должноста претседател на Соединетите Американски Држави на почетокот на 2017 година, а беше остро критикуван поради неговото наводно навредување на имигрантите од африканските земји.
„Ние ја сакаме Африка. Африка е многу убава, најубава на светот на многу начини“, изјави неодамна американскиот претседател Доналд Трамп, иако не така одамна се запрашал: „Зошто ние ги сакаме тие луѓе од Африка овде? Од тие sh*thole земји“.
Спротивно од својата претходничка Мишел Обама која што беше популарна и константно присутна на телевизија и магазините, Меланија најчесто е во втор план во однос на својот сопруг кој што според многумина, своето „претседателство“ го претвори во најголемото шоу на светот.
Инаку, Доналд Трамп во овој период патува низ САД и одржува по неколку митинзи неделно затоа што преостанува само еден месец до конгресните избори на кои што неговата Републиканска партија би можела да го загуби мнозинството.
Beginning her first major solo international trip as first lady, Melania Trump arrives in Ghana and greets babies at the Greater Accra Regional Hospital in Accra. https://t.co/MeZgopluXu pic.twitter.com/Rve3d1hNrV
— ABC News (@ABC) October 2, 2018
ФОТО: Твитер