Иако својот приватен живот во последно време се трудеше да го сокрие, сега на интернет излегоа фотографии од 60-годишната Шерон Стоун со нејзиното момче Анџело Бофа (41), како уживаат на одмор во Шпанија.
Шерон и Анџело се фотографирани во костими за капење, како уживаат и се прегрнуваат покрај вода. На Твитер, дури и самата Шерон објави фотографија од одморот, на која таа со партнерот лежат на јахта. Во коментар напиша: „Викенд во рајот“.
– Децата сега веќе ми се пораснати и подготвена сум за нова врска – изјави неодамна во интервју Стоун, која има тројца посвоени синови – Роан Џозеф (18), Лаирд Вон (13) и Квин Кели (12).
Нејзиниот 19 години помлад партнер, италијанскиот бизнисмен Анџело и Шерон биле првпат се видени во јавност во јануари оваа година во Њујорк.
weekend in paradise pic.twitter.com/i8T2vxU9Gh
— Sharon Stone (@sharonstone) October 1, 2018
ФОТО: Твитер