Владата ги поддржува градежните проекти кои се исплатливи, каков што е и овој приватен проект на Прилепска пиварница, а особено е важно што оваа инвестиција е во функција и на индустријата, односно ќе биде во функција на зголеменото производство и пласман на компанијата, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на почетокот на градбата на новиот дистрибутивен центар на пиварницата во Идризово.
-Една куќа се гради камен по камен и оваа инвестиција е уште еден камен во изградбата на економијата на државата – рече Анѓушев.
Според него, новата инвестиција е има позитивно влијание и на градежништвото и понатаму на индустриското производство, што значи дека има директен импакт на бруто домашниот производ на Македонија.
Инвестицијата изнесува 3,5 милиони евра и се очекува во неа да бидат вработени над 30 лица од различни профили и степен на образование.
Дистрибутивниот центар се гради на површина од 5.000 квадратни метри.