Научниците Френсис Арнолд, Џорџ Смит и Грегори Винтер ја освоија Нобеловата награда за хемија за 2018 година, за истражување на користењето насочена еволуција во производство на ензими за нови хемикалии и лекови, соопшти денеска шведската Кралска академија на науки.
– Годинава Нобеловите лауреати од областа на хемијата беа инспирирани од силата на еволуцијата и ги користеа истите принципи – генетски промени и селекција за да развијат протеини кои ги решаваат хемиските проблеми на човештвото – се наведува во образложението на Кралската академија.
Тројцата научници ќе добијат девет милиони шведски круни, односно милион американски долари.
ФОТО: Твитер